Брзо читање и мудро учење | Школа за брзо читање и мудро учење – Центар

Брзо читање и мудро учење

Претставува 6 месечен програм кој се изведува еднаш неделно со времетраење на работилниците од 150 минути.

Препорачана возраст за следење на овој програм е од 10 до 18 години.

Групите се организирани по возраст.

Програмот вклучува:

  • 5 различни техники за брзо читање

    Со висок степен на разбирање

  • Асоцијативни мапи

    Визуелно учење на свои лекции

  • Мемориски техники

    За помнење набројувања, дефиниции и слични текстуални целини

  • Презентациски вештини

    Вклучуваат писмено изразување (како да напишам состав) и усмено (како да раскажам лекција/лектира)

  • Вежби за концентрација и насочено внимание

Како изгледа еден час

Секоја работилница задолжително опфаќа, пилотски тренинг за концентрација, скратување на фиксацијата при читање и меморирање на прочитаното.

Таблици на Шулте, кои се користат за проширување на периферниот вид при читање, за развој на брзината на обработка на информациите и концентрација.

Картици за меморирање на дефиниции, мемориски техники за набројување.
Умствени мапи, со чија помош децата ги учат своите училишни лекции.

И уште многу различни техники за читање и подобрување на квалитетот на читањето.

Пријави се за бесплатен демо час

Со присуство на овој час, одблиску ќе се запознаете со суштината и начинот на спроведување на нашата програма.

© Тинкфинити д.о.о.е.л. - Школа за брзо читање и мудро учење - Центар