Програми
Програмата „Брзо читање и мудро учење“ е наменета за деца на училишна возраст, како и за возрасни, кои сакаат да постигнат подобри резултати на училиште, факултет и работа со помалку досада, труд и потрошено време. Идејата на програмата е учесниците да учат со разбирање побрзо и темелно, а во исто време да можат да го користат и надградуваат она што го учат со години во подоцнежните фази од нивното образование.
Идеални учесници на оваа програма се деца:
- Бистри, но малку мрзливи
- Трудољубиви и вредни, но учат на памет
- Ученици на кои им се допаѓа еден или два предмети (талентитани за музика, уметност, математика… итн.) а другите предмети не им се допаѓаат
Главните резултати од оваа програма:
- Подобра мотивација за учење
- Поголема способност за филтрирање и организирање на материјалот
- Полесно да се запомни и потешко да се заборават избраните податоци
- Заштеда на време
- Пофункционално изразување на наученото – при писмено и усно одговарање
Тематска основа на програмата:
- Рангирање на информациите по важност и интересност
- Креативно и ефективно запишување на важни елементи од материјалот
- Мемориски техники за паметење набројувања, дефиниции и слични текстуални единици
- Презентациски вештини при одговарање













