Летен курс за деца: „Страници без граници“
Добредојдовте на нашата летна авантура полна со знаење, смеа и креативност!
„Страници без граници“ е специјално дизајниран курс што трае 2 месеца и е наменет за дечиња кои сакаат да учат преку игра, истражување и дружење. Преку внимателно осмислена програма, децата ќе имаат можност да го развиваат својот интелектуален, емоционален и социјален развој – сѐ тоа додека се забавуваат!
Кој може да учествува?
Секоја програма е обликувана така што ја следи нивната развојна фаза и природната љубопитност, комбинирајќи едукативни содржини со креативна игра.
Што ќе правиме на курсот?
- Читање и раскажување – Преку интересни вежби кои го усовршуваат читањето но и приказни и разговори, децата ќе ја збогатат својата фантазија, речник и самодоверба при зборување.
- Математички игри – Учиме математика преку игра! Решаваме задачи, предизвици и логички игри кои ја развиваат концентрацијата и мислењето.
- Brain gym активности – Забавни вежби за мозокот и телото кои помагаат во подобрување на фокусот, моториката и целокупната ментална активност.
- Графомоторика и креативни задачи – Работиме на фината моторика преку цртање, моделирање и пишување кои ја поттикнуваат креативноста и самостојноста.
Се дружиме еднаш неделно, по 1 час и 30 минути.
Термините се внимателно распоредени за да одговараат на летната енергија и распоред на децата, овозможувајќи им доволно време и за одмор и за забава.
Што добиваат децата?
Уписите се во тек!
Курсот се одржува во пријатна, инспиративна средина каде секое дете се чувствува сигурно и охрабрено да биде своето најдобро „јас“.
Дозволете му на вашето дете да го помине летото со нас – учејќи, играјќи се и растејќи!
„Страници без граници“ – затоа што секое дете заслужува лето полно со откритија.
Бројот на места е ограничен – резервирајте го вашето место навреме!
