Кои сме ние?
Thinkfinity е млад образовен центар посветен на развојот на потенцијалите, способностите и вештините кај децата, тинејџерите и возрасните. Нашиот фокус е креирање на поддржлива и поттикнувачка атмосфера каде секое едно дете може да се развива и размислува без никави ограничувања.
Во изминативе 5 години, преку 500 деца беа дел од нашите програми. Горди сме на препораките на задоволните родители и деца, кои нѐ гледаат како пријатели и дел од нивното семејство. Нашиот центар е нивен втор дом, а тие со задоволство ги препорачуваат нашите програми на нивните блиски.
Посебно сме среќни што нашите посетители кои завршуваат еден програм често сакаат да продолжат со другите програми кои ги нудиме.
Која е нашата цел?
Во Thinkfinity, нашa цел е да им обезбедиме на децата вештини кои се клучни за успех и среќа во животот. На тој начин, родителите можат да бидат сигурни дека ние им помагаме на нивната деца да ги развијат своите потенцијали и да бидат спремни за предизвиците што ги чекаат во светот, при тоа да изнаоѓаат сами решенија, размислувајќи неограничено надвор од рамките на класичните образовни концепти.
Доколку барате место каде вашето дете ќе расте и ќе се развива со поддршка на стручен тим и заедница што стреми кон најдоброто, Thinkfinity е вистинскиот избор за вас.
“РАЗМИСЛУВАЈ НЕОГРАНИЧЕНО” е израз што го користиме за да го опишеме вистинскиот потенцијал и вештини кои можеме да ги развиваме кај децата, тинејџерите и возрасните во Thinkfinity. Во нашиот центар, ние веруваме дека секоја индивидуа може да постигне нешто вистински големо и неограничено да се развива во својот живот, со правилната поддршка, образование и водење.
За програмата
„Школата за брзо читање и мудро учење” е проект организиран во соработка со германската компанија »DOOR Training & Consulting« од Визбаден и е дел од фамилијата франшизни центри во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Унгарија. Во основата на проектот е развој и дистрибуција на програмата „Брзо читање и мудро учење“, наменета за деца на училишна возраст, како и за возрасни, кои сакаат да постигнат подобри резултати на училиште, факултет и работа со помалку досада, труд и потрошено време. Идејата на програмата е учесниците да учат со разбирање побрзо и темелно, а во исто време да можат да го користат и надградуваат она што го учат со години во подоцнежните фази од нивното образование.
Идеални учесници на оваа програма се деца:
– бистри, но малку мрзливи
– трудољубиви и вредни, но учат на памет
– ученици на кои им се допаѓа еден или два предмети (талентитани за музика, уметност, математика… итн) а другите предмети не им се допаѓаат.
Главните резултати од оваа програма се:
– подобра мотивација за учење
– поголема способност за филтрирање и организирање на материјалот
– полесно да се запомни и потешко да се заборават избраните податоци
– заштеда на време
– пофункционално изразување на наученото – при писмено и усно одговарање
Тематска основа на програмата
– рангирање на информациите по важност и интересност
– креативно и ефективно запишување на важни елементи од материјалот
– мемориски техники за паметење набројувања, дефиниции и слични текстуални единици
– презентациски вештини при одговарање
