Што кажаа родителите за нас
“Мој впечаток е дека моето дете почна поефикасно и полесно да учи.
Кога велам полесно, мислам дека некако го контолира материјалот, апсолутно брзо памти и од помалку обиди.
Притоа расположението му е поинакво. Не му паѓа тешко да седне и да заврши, како да има некој нов “систем” во главата.
“Моето дете го започна курсот без да ги разликува буквите, со слабо разбирање на зборови, не читаше и не пишуваше.
Сега е една од најдобрите во класот за диктати и читање. Додадената вредност од оваа Школа е видлива по многу кратко време.”
“Моето дете кога почна да оди на курсот читаше слог по слог, по само 3 недели почна да чита течно цели реченици. Едвај чекаше да дојде терминот за курсот “Брзо читање”.
Фидбек за менторот на програмата: “Најпрекрасната наставничка, презадоволни во секој поглед. Секоја промена на нашето дете беше забележана од нејзина страна. Виктор ја обожава, исто и ние”
“Промената кај Ѕвезда е неверојатна. Иако на почетокот материјалот кој се обработува и делуваше несовладлив, сепак резултатите во однос на течното читање, помнење и развивање на мреативноста се повеќе од очигледни. Уште повеќе Ѕвезда стана поорганизирана и поодговорна. Ви благодарам за вложениот труд и сигурно се гледаме и следната година”
Фидбек за менторот на програмата: “Горде е педагог во вистинска смисла на зборот. Трпелива, нежна и мила, таа е олицетворение на тоа каков однос учителот треба да воспостави со ученикот и како да употребува современи наставни методи во процесот на учење”
“По посетата на работилниците моето дете имаше значајни подобрувања во навиките за учење. Стана попдговорна, а имаше и подобрување во успехот на училиште.
Би сакала и помалото дете да го запишам.”
“Мојот син е посигурен и посамоуверен кога учи сам и поретко бара помош од родителите.
Сака да доаѓа на часовите, веројатно го охрабрувате и поттикнувате во работата и учењето”
“Хана научи да распознава важно од неважно, да одвои од лекциите што и треба да запомни. Многу сака да ги посетува часовите на кои доаѓа веќе втора година. Ќе се врстиме сигурно и следниот семестар.
“Го достигнавме тоа што го очекувавме. Самостојно учење, побрзо совлдување на материјата. Го подобри меморирањето на непознати зборови, странски зборови како и полесно учење на дефиниции. Има и зголемена концентрација”
“Има многу напредок во концентрацијата кај моето дете, лекциите ги поминува со помалку напор од претходно. Има развиено и фотографска меморија.”
“Одличен концепт, одлично организирани часови.Веднаш забележавме зголемување на концентрацијата”
Фидбек за менторот: “Одличен ментор, зекогаш расположена за комуникација и да излезе во пресрет. По часовите дрцата излегуваа тасположени и мотивирани”


